Се планира да се сечат 113 дрвја во Градскиот парк – екоактивистите излегуваат на терен да вршат проверки
Од „Зелен Хуман Град“ објавија дека е донесена одлука да се сечат 113 дрвја во Градскиот парк во Скопје.
Екоактивистите велат дека прво ќе се уверат дали има потреба сите дрва да бидат исечени.
„Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување на истото), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза – Градскиот парк.
Според тоа што ние гледаме на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побаравме од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече“, информаираат од организацијата.
На местото на отсечените, ќе се засадат над 300 нови дрвја не помлади од 6 години