Се подобрува состојбата на пациентот кој со владин авион беше транспортиран од Турција

Тој во изјава за медиумите посочи дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување.
„Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба“, изјави Мерџаноски.
Според него, во текот на следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување.
Вчера, 28-годишниот скопјанец со владиниот авион беше транспортиран од Турција, поради тешки повреди на вратните пршлени здобиени при пад од тобоган. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во болница во Кушадаси, каде што беше задржан до вчера.
За време на транспортот, пациентот бил придружуван од медицински тим.
Извор: 360stepeni.mk






