Сè поверојатно е Русија да употреби нуклеарно оружје, оцени јапонскиот премиер

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека се зголемува веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје. Тој го изјави ова за време на посетата на американскиот амбасадор на Хирошима, првиот град во историјата во кој е детонирана атомска бомба.

Јапонија, единствената земја која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, редовно се противи на употребата на такво оружје. Кишида денеска во придружба на американскиот амбасадор Рам Емануел го посети споменикот на жртвите од атомската бомба во Хирошима.

– Во време кога се зголемува веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје, верувам дека посетата на амбасадорот Емануел на Хирошима и она што тој го виде, реалноста од нуклеарната војна, ќе испрати силна порака до меѓународната заедница, рече Кишида.

Тој додаде дека „руската инвазија на Украина ги покажува тешкотиите во создавањето свет без нуклеарно оружје”.

Русија одби целосно да ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Во говорот во кој ја најави инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека „секој што сака да ја спречи Русија ќе се соочи со последици досега невидени во историјата”, изјава која многу светски лидери ја протолкуваа како закана со нуклеарното оружје.

Неговиот портпарол Дмитриј Песков неодамна изјави дека Русија ќе користи нуклеарно оружје само во случај на „егзистенцијална закана за Русија

Back to top button
Close