Се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, нов петти дом за стари лица во Петровец

Нов дом за стари лица никна во скопската населба Петровец, кој го носи името „Феникс Хоум“. За него се уште не можат да се најдат официјални податоци, но тој е дел од ланецот на старски домови „Феникс“, кои се распространети на повеќе локации низ Скопје, пишува Фокус

Според фотографиите со кои располагаме, станува збор за луксузно опремен старски дом во скопски Петровец, кој е петти по ред во ланецот на домови зад чие портофолио индиректно се крие името на Ванчо Јовановски, таткото на актуелната градоначалничка на главниот град, Данела Арсовска. Иако, дел од тие домови, Јовановски ги дава по закуп, сепак на имотните листови од Катастарот фигурира неговото име.

Сепак, со оглед на тоа што се работи за штотуку отворен нов Дом за стари лица, неговите податоци се уште не се објавени на официјалната веб страница, каде што се наоѓаат останатите четири дома, „Феникс Премиум“ лоциран во скопски Капиштец, потоа „Феникс Фемили“, кој може да се најде во Пржино, треиот старски дом „Феникс Геромедикал“ се наоѓа во скопската населба Ѓорче Петров, додека пак „Феникс Гарден“ е во Црниче.

Повеќе

Back to top button
Close