Се распаѓа некогашниот гигант „Еврохотел“ во Струга

Руиниран апартманскиот комплекс на струшкото крајбрежје, познатиот „Еврохотел“ се распаѓа. Новата управа на заедницата со низа обвинувања кон поранешниот управител. Велат, оставил нефункционален покрив од кој протекува во апартманите, распаднати заеднички простории полни со ѓубре, ограбени ресторани, шанкови и останати простории. Обвинуваат за комплетна негрижа за објектот, пишува МРТ.

„Како оставштина ни остави да кажеме еден руиниран објект со еден куп проблеми. Од нефункционален кров од еден куп правни имотни проблеми. Претходниот управител имаше своеволен начин на управување исклучуваше струја по свое наоѓање и плаќањето за одржување беше исто по негова волја некои плаќаа, некои не плаќаа“, вели Игор Чекичевски претседател на надзорниот одбор на „Еврохотел“.

Во „Еврохотел“ има и имотно правни проблеми. Сопствениците на апартмани обвинуваат дека поранешниот управител незаконски ги присвоил.

„Насилно има влезено во тие апартмани има скршено брави и ги има издавано еве скоро десеттина години. Се работи за различна бројка меѓу 25 и 35 апартмани. Сите тие апартмани имаат валидни сопственици коишто од различни причини не извадиле имотен лист со валидни купопродажни договори со инвеститорот Палас Турист“, додава Чекичевски.

Во Еврохотелот има 325 апартмани од кои 255 имаат имотен лист, а остатокот имаат сопственици но незаконски се издаваат.

Поранешниот управител ги отфрлува обвинувањата, тврди дека имал овластување од 2017 година да се грижи за апартманите.

Back to top button
Close