„Се разведувам, се разведувам, се разведувам“ Принцезата од Дубаи го остави сопругот преку Инстаграм

Принцезата од Дубаи, Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, јавно го напушти сопругот Ман Ал Мактум само два месеци откако го добија првото дете. Таа ја шокираше конзервативната заедница во Обединетите Арапски Емирати, откако преку објава на Инстаграм на својот сопруг му откри дека на нивниот брак му дојде крајот.

Принцезата Махра, инаку ќерка на владетелот на Дубаи, сподели објава на која пишува:

„Драг мажу, бидејќи си зафатен со друштвото на другите луѓе, на овој начин го прогласувам нашиот развод. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга.“
Пораката на принцезата е инспирирана од муслиманската традиција на тројно одрекување. Оваа практика подразбира трипати по ред мажот да ѝ рече на сопругата дека се разведува од неа, со што ја разведува двојката, барем во очите на исламот.

Исто така, парот повеќе не се следи на социјалните мрежи и ги отстрани сите заеднички фотографии од своите профили.

Двојката се венчаше во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. Сè уште нема официјална потврда за разводот, а се појавија шпекулации дека профилот на принцезата е хакиран.

Шеиха Махра има 30 години и е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ. Дипломирала меѓународни односи на неименуван лондонски универзитет, а е голем поддржувач и заговорник на правата на жените, како што пренесува „Дејли мејл“. Објавата во која таа ја спроведува древната практика на тројно отфрлање, традиционално резервирана за мажи, можеби и најдобро го докажува тоа.

Back to top button
Close