Се урна висококатница во Мајами – се стравува дека има многу жртви

Во Мајами се урна облакодер, зграда висока 12 ката. Американските медиуми јавуваат дека во 2 часот по полноќ по локално време зградата се срушила од засега непозната причина.

Сведок на несреќата раскажува дека луѓе се обидувале да се спасат од терасите.

На местото на урнатата зграда има многу полицијата и над 80-тина пожарникари, заедно со екипи на Итната помош.

Операцијата за спасување е во тек.

Се стравува дека има многу жртви, но и многу луѓе заробени во урнатините.

Back to top button
Close