Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во дворот на Штекли, тој објави фотографија

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија во врска со експлозијата во дворот од семејната куќа на Раде Трајковски – Штекли. Од Јавното обвинителство информираа дека по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзорот на објектите и дека подигнатите траги од местото на настанот ќе бидат предмет на вештачење.

Од МВР го потврдија случајот.

Денеска, на 14 ноември 2024 година, во 09:20 часот, во дворно место во скопската населба Керамидница била фрлена експлозивна направа. Во експлозијата повреден е Р.Т., кој веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош, информираат од МВР.

Во меѓувреме Штекли објави фотографија од себеси, на која се гледаат раните од куршуми кои ги доби по минатиот обид за убиство.

Back to top button
Close