Се запали училишна просторија во Струмица
Пожарникарите во Струмица интервенирале при гасење на запалена просторија во училиште.
Станува збор за СОУ Никола Карев, каде ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари-спасители интервенирала при гасење на запалена просторија.
Пожарот, како што е соопштено, е успешно локализиран за кратко време после пристигнувањето на пожарникарите.