Седма победа во низа на Вашингтон, 28 трипл-дабл за Весбрук

– Расел Вестбрук го запиша синоќа својот 28 трипл-дабл сезонава во НБА лигата, предводејќи го тимот на Вашингтон до седмата последователна победа во триумфот на гостински терен над Оклахома од 129:109.

Вестбурк натпреварот го заврши со 37 поени, 11 скокови и исто толку асистенции, доближувајќи се на само седум трипл-дабл остварувања до рекордерот во НБА лигата Оскар Робертсон.

За Вестбрук ова беше 18 трипл-дабл во последните 23 натпревари во дресот на Вашингтон и вкупно шести натпревар сезонава на кој постигна повеќе од 35 поени.

НБА резултати од ноќта меѓу петокот и сабота:

Атланта – Мајами 118:103

Бруклин – Бостон 109:104

Шарлот – Кливленд 108:102

Хјустон – ЛА клиперс 104:109

Оклахома – Вашингтон 109:129

Портланд – Мемфис 128:130

Голден Стејт – Денвер 118:97.

Back to top button
Close