Седум новозаразени и седум оздравени од коронавирус во Кичево

Во Кичево денеска има седум нови лица заразени со КОВИД-19, а оздравени се исто така седум лица. Соред податоците од Министерството за здравство, вкупниот број на заразени со КОВИД-19 во оваа општина достигна 194 лица, од кои 114 се активни, 71 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација. За среќа пак имаме седум оздравени лица од коронавирусот, информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тој апелираше до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close