Седум жени го обвинуваат косопственикот на Вест Хем, Саливен за сексуално искористување


Седум жени го обвинуваат милијардерот и косопственик на британскиот фудбалски клуб Вест Хем, Дејвид Саливен за злоупотреба на својата моќ и искористување за сексуални односи. Некои од жените биле искористени додека биле тинејџерки.

„Би-би-си Панорама“ и „Тајмс“ истражуваа од 80-тите години од минатиот век. Жените кои тогаш биле во тинејџерски години и биле манекенки наводно биле злоупотребени од Саливен додека барала работа во неговите весници „Саливенс Дејли“ и „Сандеј спорт“.

Тие го обвинуваат Саливен за сексуално експлоататорско и предаторско однесување, вклучително и притисок врз нив за секс за време на деловни состаноци, каде што тој им нудел да им помогне во нивните кариери ако спијат со него или му пружат орален секс, наведува Би-би-си.

Жените инсистирале на анонимност, плашејќи се од Саливен.

Саливен (77) ги демантираше нивните тврдења, кои го опфаќаат периодот кога тој го стекна богатството од порнографија, весници и фудбал.

Пред два дена, кога „Би-би-си Панорама“ и „Тајмс“ потврдија дека ќе го објават текстот, Саливен поднесе оставка од копретседателското место во Вест Хем, истакнувајќи оти сака да се фокусира на борбата против „фактички неточни и целосно лажни тврдења и децениските обвинувања за неговиот приватен живот“.

Би-би-си наведува дека Саливен претходно признал дека во 90-тите години од 20 век платил за секс за девојка која, според негово мислење имала 16 или 17 години.

Back to top button
Close