ГАЛЕРИЈА: Седумте најстари ресторани во светот

Ова се седумте најстари ресторани во светот:

7. Sobrino de Botin, Мадрид, Шпанија, 1725 година

Ресторанот „Sobino de Botin“ го држи Гинисовиот рекорд за најстариот ресторан во светот. Иако другите ресторани на листата се многу постари, „Sobrino de Botin“ го добил ова признание бидејќи останал во оригиналната зграда од 18 век.

 

6. White Horse Tavern, САД, 1673 година

Зградата во која е White House Tavern била изградена во 1652 година и била продадена на Вилијам Мејс во 1673. Во тоа време, зградата била проширена и била отворена таверна, а многу луѓе веруваат дека „White House Tavern“ е најстариот ресторан во САД.

 

5. Zur Letzten Instanz, Берлин, Германија, 1621 година 

„Zur Letzten Instanz“ е лоциран блиску до историскиот Берлински ѕид и важи за најстарата таверна во градот. Ресторанот го добил името во 1924 година од неговиот сопственик Г. Хофман, а претходно се викал Maria Beil.

 

4. La Tour d’Argent, Париз, Франција, 1582 година

„La Tour d’Argent“ е реномиран ресторан со една мишелин ѕвезда и ресторан во кој се верува дека јадел кралот Хенри IV. Ресторанот во еден момент го остварил највисокото признание за ресторани, три мишелин ѕвезди, но едната ја изгубил во 1996, а другата во 2006.

 

3. Honke Owariya, Кјото, Јапонија, 1465 година

„Honke Owariya“ започнал како кондиторска продавница преместена од Овари во Кјото, откако првите сопственици биле повикани од императорот во тоа време. Продавницата прво во понудата ги имала препознатливите оризови торти „соба“, но почнале да прават и „соба“ нудли (денешни јапонски нудли) околу 1700 година, со што станале најстарата продавница за „соба“ во Кјото.

 

2. Zum Franziskaner, Стокхолм, Шведска, 1421 година

„Zum Franziskaner“ е најстариот ресторан во Стокхолм, а бил отворен од германски монаси во 1421 годин кога кралот Ерик од Померанија дозволил монасите да продаваат храна. Храната во ресторанот е комбинација од германските корени со вкусови од локалната скандинавска кујна.

 

St. Peter Stiftskeller, Салцбург, Австрија, 803 година

„St. Peter Stiftskeller“, лоциран во ѕидините на Св. Петар улицата се верува дека е најстариот ресторан во светот и најверојатно најстариот во Европа. Ресторанот прв пат бил спомнат од англискиот учител Алкуин од Јок во 803 година од нашата ера кога гости биле императорот Шарлеман и бишопот Арно од Салцбург.

Извор

Back to top button
Close