Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата
Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, поздравувајќи ја одлуката на САД.
Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ. Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава“, напиша Села