Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
Четврти ден гримогласен молк од страна на македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, дека по Црна Гора, соседна Албанија е наредниот кандидат од Западен Балкан за членство во Европската Унија за време на тековниот мандат на Европската комисија
Во изјавата, Кос потенцира дека на Балканот има три тажни приказни и дека ние сме една од нив. Со тоа, се потврди она за што веќе подолг период алармиравме, а на што власта и ВМРО-ДПМНЕ ни се потсмеваше- дека Македонија е сега во друштво со Косово и БиХ.
И таман кога се загриживме за причината зошто го (с)нема министерот, дојде охрабрувачката вест од владиниот портпарол дека тој е во Јапонија по повод (верувале или не) националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025.
Ете до каде се прошири и какви се резултатите од “дипломатската офанзива” на Мицкоски.
Од сериозна Влада, ако е вистински посветена на евроинтеграцискиот процес, по ваквите крајно загрижувачки изјави од Брисел во кои повеќе не си ни споменуваме во нивните планови за членство во ЕУ, се очекува да седне и да направи анализа на фактичката состојба. Од таквата анализа пак, треба да произлезе стратегија која ќе даде насоки како да го фатиме возот кој повторно ни бега пред очи. Наместо тоа, гледаме туристички прошетки на Муцунски и владината делегација во далечната Јапонија, далеку од Брисел и земјите членки на ЕУ. Слично како и при посетата на уште подалечната Австралија.
Барем нека заштедат нешто таму, бидејќи пак ќе затребаат буџетски (народни) пари за во “Мош”, каде се води “жестока битка” кое министерство ќе потроши повеќе
Андрреј Жерновски
Фејсбук статус