Селтик прв пат по 17 години два пати поразен од Хартс


Фудбалерите на Селтик испуштија можност да го прескокнат Глазгов Ренџерс на врвот на табелата во шкотското првенство, откако попладнево загубија на гостински терен од Хартс со 2-0.

По вчерашниот пораз на Ренџерс од Мадервил (1-2), Селтик беше во можност со триумф да го заземе врвот на табелата, но откако во 13 минута не реализираше пенал, а подоцна остана и со играч помалку, домашниот тим дојде до победата со головите на Грант (43 минута, пенал) и Шанкленд (56).

За Хартс ова беше втора победа над Селтик сезонава, по триумфот од 2-0 во декември во Глазгов.

Последен пат Селтик претрпе два порази во иста сезона од тимот од Единбург пред 17 години.

Ренџерс и натаму води на табелата со 70 бодови, два повеќе од второпласираниот Селтик.

Back to top button
Close