Сепаратистичката ДНР презема дел од украинските трговски бродови

Дел од цивилните бродови од украинското пристаниште во Мариупол, што е под контрола на руските сили, ќе бидат преземени од трговската флота на сепаратистичката Доњецка Народна Република (ДНР).

Претседателот на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин истакна дека бродовите треба да се преименуваат и ДНР да добие сопствена трговска флота.

– Денеска 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон, напиша Пушилин на Телеграм.

Тоа е прв брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот град Мариупол, што исплови од пристаништето.

Според украинските власти Русија го украла металот од Украина.

Back to top button
Close