Северна Кореја: Американската помош за Украина е неверојатна грешка и луд чин

 Американската воена помош за Украина од осум милијарди долари претставува „неверојатна грешка и луд чин“, изјави денеска Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со нуклеарната суперсила Русија.

Таа истакна дека Вашингтон го влошува конфликтот меѓу Украина и Русија и ја води цела Европа на работ на нуклеарна војна.

„САД и Западот не треба да го отфрлат или потценуваат сериозното предупредување на Русија“, рече Ким Јо Џонг во изјавата објавена од државната новинска агенција.

Во денешната изјава Ким оцени дека давањето помош на Зеленски во воените дејствија против Русија е „опасна и неодговорна игра“.

Ким, која има висока позиција во севернокорејската владејачка Работничка партија, често дава изјави за ставот на Пјонгјанг за политичките и безбедносните прашања.

Back to top button
Close