Северна Кореја соопшти дека вчерашната ракета била тест за развој на разузнавачки сателит

 Северна Кореја соопшти дека вчерашното лансирање ракета било дел од развојот на „разузнавачки сателит“, јави државната нова агенција КЦНА, пренесе ДПА.

„Националната управа за развој на воздушниот простор (НАДА) и Академијата за одбранбена наука на Северна Кореја вчера извршија уште еден важен тест, согласно планот за развој на сателити за извидување“, јави КЦНА.

Тестот им помогна на двете тела да ја потврдат „сигурноста на системот за пренос и прием на податоци на сателитот, неговиот контролен команден систем и разните системи за контрола на земјата“, додава севернокорејската агенција.

Извидувачките сателити првенствено се користат за воени цели.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, да тестира балистички ракети, од кои некои можат да носат нуклеарна боева глава.

Пјонгјанг од почетокот на годината ги зголемува тензиите со серијата лансирања на проектили од различен калибар, додава ДПА.

Вчерашното беше деветто вакво лансирање од јануари.

Back to top button
Close