Шахпаска: Во МТСП не се работи на законот за предвремено пензионирање, се очекува одблокирање во Собранието на законот за пензионирање на 64 години

– Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.

-Законското решение со кое се предвидува одење во пензија на мажите и жените на 64 години се наоѓа во Собрание. Го предожија пратениците и во измиантиот период имааше 482 амандмани. Ова е системски закон кој според моите сознанија ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура, односно дека ќе бидат повлечени амандманите, рече Шахпакса.

Додаде дека законот предвидува одење во пензија на 64 години и за мажите и за жените и 15 години работен стаж, но дека доколку  жените сакаат може да поднесат барање за да се пензионираат на 62 години возраст.

Информира дека МТСП во моментот не работи на законско решение  за предвремена пензија со откуп на стаж, бидејќи како што рече работата на законот за недела неработен ден и системскиот Закон за работни односи кои бараа повеќе време и поголем ангажман.

-Оваа година наш таргет се овие закони, Законот за работни односи, каде ќе биде вграден и недела неработен ден и Нов закон за бебедност и здравје при работа, истакна Шахпаска и потенцира дека треба да направат темелна анализа, за да се види какво знаење ќе има таквото законско решение врз веќе стабилизираниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Во однос на измените на Законот за работни односи каде се дефинира неделата за неработен ден, посочи дека паралелно се оди на измени на Законот за трговија, каде е посочено дека ќе работат моловите во една смена од 10 до 18 часот со претходно добиена лиценца и предвидена 100 проценти повисока дневница за оние што ќе работат и право на неделен одмор, како и уплата на два отсто од остварениот промет во буџетот на РСМ, за кој проценката е дека би изнесувал 1,2 милиони евра.

Исклучок, како што рече, се угостителските објекти, кои ќе работат во недела бидејќи тие во недела се место каде се воспоставува баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.

Back to top button
Close