Шефот на руското надворешно разузнавање телефонски разговарал со директорот на ЦИА
Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин телефонски разговарал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, соопшти прес-службата на руската разузнавачка служба.
„На 11 март 2025 година беше остварен телефонски разговор помеѓу директорот на СВР на Русија, Сергеј Наришкин и шефот на американската ЦИА, Џон Ретклиф. Во разговорот беа разгледани прашања за интеракција меѓу двете специјални служби во однос на заедничките интереси и управувањето со кризни ситуации“, се вели во соопштението.