Шекеринска од Дебар: Ја дигнавме гордоста на армијата и државата

Дебар ни одржа неколку лекции во минатото. Ни одржа лекција кога некои се трудеа да го запалат национализмот низ цела држава , а Вие во Дебар покажавте модрост , разум и гледање напред. Ни покажавте лекција кога светската пандемија удри и кај нас бевте први на удар – но се покажавте најсилни ,најеснаф и најсолидарни . Дебар е пример како оваа држава моѓе да биде посилна ако биде посплотена , нагласи вечерва на трибината на колицијата СДСМ и колицијата ,,Можеме ,, носителчката на изборната единица број 5 Радмила Шекеринска . Кандидатурата на младиот дебарчанец Мирнес Абазовски во изборната единбица број 5 доволно покажува дека се дава можност и на младите .

Шекеринска пред дебарчани на платото на Центарот за Култура која се одржа со почитување на сите мерки за заштита од Ковид 19 додаде дека во Дебар на СДСМ му не само победа туку му треба голема победа . За само 2,5 години оваа екипа на СДСМ успеа да државата стане членка на НАТО алијансата . Се гордееме со армијата која сега е членка на најмокната алијанса во светот. ,, Армијата е држава во мало. Таа не лепеше кога политиката не делеше . Успеавме да и ја врамете гордоста на армијата и во неа има Македонци ,Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и други .,, Ја дигнавме гордоста на армијата но и на целата држава. Овој тим кој ја води државата бидете сигурни дека ке успее да ја запчени земјата во ЕУ,, нагласи Шекеринска коха беше бурно поздравена од страна на големиот број присутни на трибината . Таа говореше и за економската програма на СДСМ и колицијата ,,Можеме,, и нагласи дека во споредба со катастрофалното водење на државата од страна на ВМРО ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ постигна одлични успеси и тие успеси ке продолжи да ги реди и во наредните четири години.

Кандидатот за пратеник Јован Митревски истакна дека 6 до 7 месеци по победата на изборите ВМРО ДПМНЕ, не дозволуваше да ја превземаме власта , и се случи тоа што се случи на 27 април. Тоа да не се повтори повеке рече Митровски и додаде дека ке има големи реформи и во судството и во другите сфери.Во Дебар со програмата ке се инвестира во изградба на социјални станови ,потоа инфраструктурни проекти за пат во селато Могорче, пешачка патека од селото Отишани до Џепиште, санација на училишта и проекти за изградба на фекална канализација .

Кандидатот за пратеник од Дебар Мирнес Абазовски нагласи дека оваа е победничка колиција затоа што има многу подобра програма од ВМРО ДПМНЕ,а кандидатите за пратеници се мошне квалитетни .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close