Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти.

Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда кои шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.

Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.

Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

Пред повеќе години, кравата Пенка ги прекрши граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена.

Тоа стана меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а нејзиниот сопственик од селото Копиловци со години се грижел за неа во своето стадо.

Back to top button
Close