Шпан: ЕК да ја прошири нарачката на вакцини за 2022/23 година на уште четири компании

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја повика Европската комисија да ја прошири нарачката на вакцини за 2022/23 година на уште најмалку четири компании.

Во писмото што Шпан го испрати до ЕК, изразува длабоко убедување дека е неизбежно планот за набавка на вакцини да се продолжи до 2022/23 година, како и дека треба да се нарачаат вакцини на разни компании направени со употреба на различни технологии.

„Во врска со ова, две вакцини и уште најмалку две други технологии треба да бидат вклучени во нарачките на ЕУ. Искрено се надевам дека ќе го поддржите овој предлог“, стои во писмото на Шпан. 

Back to top button
Close