Шпанија ја совлада Италија и обезбеди осминафинале

Шпанија вечерва во Гелзенкирхен ја совлада Италија со 1-0 (0-0) во второто коло од групата Б на Европското фудбалско првенство.

Шпанија со автоголот на Рикардо Калафиори во 55. минута дојде до втората победа во групата и се пласираше во осминафиналето на ЕВРО2024.

Во првото коло двете селекции победија, Шпанија против Хрватска (3:0), а Италија против Албанија (2:1).

Шпанија води на табелата со максимални 6 бодови, пред Италија (3), Албанија (1) и Хрватска (1).

Во последното трето коло Шпанија ќе игра со Албанија, а Италија со Хрватска.

Back to top button
Close