Штајнмајер пред пратениците го цитираше Блаже Конески, а ги спомена и „Пиреј“ и „Медена земја“
Романот на векот „Пиреј“ на впечатлив начин ја опишува судбината на Македонците Јон и Велика на почетокот на 20 век. Овој роман ни предочува дека има нешто што е посилно и поважно од националистичките интереси и политичките несогласувања. Нескротливиот копнеж за мирен живот. Тој копнеж верувам дека постои и денес, го има секаде во Европа, тој постои и тука и тоа 100 години по објавувањето на овој роман. Дозволете на овој нескротлив копнеж за мир и слобода да му дадеме заедничка татковина во Европа, рече Штајнмајер
Во романот на векот ‘Пиреј’, Петре М. Андреевски на впечатлив начин ја опишува судбината на Македонците Јон и Велика на почетокот на 20 век. Овој роман ни предочува, покрај сето страдање, дека има нешто што е посилно и поважно од националистичките интереси и политичките несогласувања. Нескротливиот копнеж за мирен живот. Тој копнеж верувам дека постои и денес, го има секаде во Европа, тој постои и тука. И 100 години по објавувањето на овој роман, дозволете на овој нескротлив копнеж за мир и слобода да му дадеме заедничка татковина во Европа“,
рече Штајнмајер.
„На важните општествени дебати им е потребен овој страстен пристап. Сметам дека вие самите можете самоуверено да ги водите овие дебати, луѓето на Северна Македонија, вие ја обликувате и одредувате што ја сочинува вашата земја, вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и како тој треба да изгледа во иднина. Онака како што тоа го правите од пред 30 години, онака како што го формулираше тоа македонскиот писател Блаже Коневски кога кажа и кога напиша дека ’јазикот е нашата татковина‘. Се надевам многу дека македонската култура наскоро ќе ја збогати културната различност во ЕУ и овие денови сум тука за да научам уште повеќе за тоа“, порача Штајнмајер.
Германскиот претседател во говорот се осврна и на филмот „Медена земја“ и на пораката што го обиколи светот.
„Утре ќе разговарам со Атиџе Муратова и со авторите на филмот ‘Медена земја’. Муратова, која е една од последните диви пчеларки во Европа, кога таа собира саќе и мед им вели на своите пчели: ‘Пола за мене, пола за вас’. Оваа порака, на овој успешен македонски филм, кој истовремено е полн со значења, го обиколи светот. И ние ја знаеме во Германија. Во моите очи ‘Медена земја’ истовремено е две нешта: израз на гордата култура на една мала земја, а истовремено пренесува една уште поголема порака чие значење излегува надвор од границите на поединечната земја. Не смееме целосно да ги искористиме даровите од природата, ниту неповратно да ја уништиме нашата животна средина. Ова е задачата пред која е исправено човештвото и ние во Германија сакаме да соработуваме на ова поле“,
додаде Штајнмајер во своето обраќање.