Штајнмаер и Пендаровски на прошетка низ Старата скопска чаршија и на средба со Атиџе и тимот од “Медена земја“

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајмаер, кој е во дводневна официјална посета на земјава, утрово заедно со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски прошетаа низ Старата скопска чаршија.

Дождливото време не ги спречи двајцата претседатели да уживаат во архитектурата, амбинетот и дневната динамика на една од највпечатливите знаменитости на главниот град на С Македонија.

Германскиот претседател посети дел од занаетчиските дуќани во чаршијата, каде почестените од неговото присуство сопственици му ги презентираа вешто изработениот накит, како и слатки.

Како што е најавено, германскиот претседател во Чифте-амам треба да се сретне со екипата од македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој беше кандидат за „Оскар“.
Покрај средбата и прошетката низ Старата скопска чаршија, германскиот претседател денеска во рамки на дводневната посета ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.

Попладне Штајнмајер ќе го посети ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Back to top button
Close