Штедачите од Еуростандард банка на протест: „Политичките партии да си го исполнат ветувањето“

Штедачите кои биле корисници на Еуростандард банка излегоа на протест пред Собранието. Тие бараат од државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса, пренесе Локално.

Претставници на штедачите се примени во Собранието и бараат од политичките парии со кои претходно комуницирале да го исполнат ветувањето и да донесат закон за нивно обесштетување

Тие исто така бараат политичките парии со кои претходно комуницирале да го исполнат ветувањето и да донесат закон за нивно обесштетување. Станува збор за 780 физички лица кои имале над 30.000 евра средства во банката.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, пред еден месец се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.

Back to top button
Close