Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара.

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

Штетите на јавните инфраструктурни и комунални објекти изнесуваат 12,9 милијарди долари, додека во економскиот сектор штетата е 11,8 милијарди долари.

Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и други сектори.

Во земјотресите на 6 февруари во Турција загинаа околу 50.000 луѓе.

Back to top button
Close