Што да направите за да ја поправите врската? И кога да се откажете? 10 совети од адвокати за развод

Отворете ги незгодните теми порано, не се плашете да се расправате и, конечно, бидете нежни ако врската мора да заврши. Адвокатите за разводи ги споделуваат своите совети за врски или бракови (сеедно)

Одредете ги приоритетите на вашата врска

Пред да излезете на прв состанок, вели Џесика Кил, важно е да откриете што навистина сакате од потенцијалниот партнер

„За некои луѓе тоа е љубезност, за некои емпатија, за некои финансиска стабилност. Ниту еден од тие приоритети не е погрешен. Само важно е да ги знаете“. Кога станува збор за зацврстување на чувството за тоа каков партнер сакате, таа вели: „Размислувањето за минатите врски е добро, за оние моменти кога се чувствувавте како партнерот да ве изневерил: тоа е добар показател дека квалитетот на кој му давате приоритет не бил исполнет. Дали ви треба тоа за да бидете среќни? Бидете искрени со себе“.

Сепак, немојте премногу да се фокусирате во потрагата по совршениот натпревар ако таа личност не ја сметате за секси.

„Ви треба таа искра. Привлечноста е многу важна“, вели Кил.

 

 

Направете ги важните, неромантични разговори порано

Често гледав парови толку заљубени на почетокот на нивната врска што не размислуваа за работи како: ‚Дали сме усогласени со тоа како ќе се образуваат нашите деца или каква медицинска нега сакаме да добиваме?”, вели Кил.

 

„Тие разговори се многу важни, бидејќи тие работи можат да станат причини за прекин“. вели Лиза Гатрел.

„Ако ги отворите тие разговори однапред, сметам дека е помала веројатноста да се разделите“, вели таа.

Гатрел додава дека парите – и прашањата како би се носеле ако заработувате многу различни суми – се важна тема што треба да се отвори порано. „Ако можете така да комуницирате на почетокот, кога е малку непријатно, веројатно ќе можете да го правите тоа и понатаму“.

 

И двајцата ќе се менувате како што ќе минуваат годините

„Сметам дека луѓето не сакаат да признаат дека со текот на времето во врската, тие се менуваат – личноста во која се заљубивте првиот ден не е истата личност 25 години подоцна“, вели Софи Кембел-Адамс.

„Растеме заедно, или ако не можеш да го прифатиш тоа, тогаш почнуваат недоразбирања“.

Таа вели дека нешто толку ситно како партнерот никогаш не ги мие садовите, прераснува во огорченост со текот на годините. Таа вели дека полесно се бори против таквото незадоволство преку комуникација и споделување на домашниот и менталниот товар, но видела конфликти кои произлегуваат од тоа што едниот партнер е љубоморен на успехот на другиот, на пример, или поради тоа што некој се премислил за тоа фали сака деца. „Покрај неверството, менувањето на личноста е најчеста причина за разводите по кои постапувам“, вели таа. „Можеби има одреден степен на среќа во тоа дали ќе растете во слична насока или ќе се дистанцирате, но тоа е навистина напорна работа“.

 

Двојката треба да функционира како тим

Оваа ера е можеби прв пат во историјата и двајцата партнери во врска да бидат опфатени со полно работно време, обврски и социјални животи. „Ова неизбежно значи дека нивото на стрес е високо, времето е тесно и врските можат да попуштат под тој товар“, вели Гатрел. „Лесно е да се каже дека треба да им дадеме приоритет на нашите партнери и честопати слушате совети колку е важно да одвоите време еден за друг – како што се „ноќите за состаноци“ – но секојдневниот живот може да ја преземе контролата“.

Еден начин да се соочиме со ова, додава таа, е да вложиме заеднички напори во споделување на одговорностите – не само физички, туку и во носењето на менталниот товар. Ако еден партнер го прави тоа повеќе од другиот (на пример, мора да ги наброи и да ги подели задолженија пред другиот да го земе својот дел), тоа може „да доведе до чувство на незадоволство и ментално преоптоварување, што може да создаде огромни пукнатини во врската “, вели таа.

 

 

Некогаш е подобро да се искарате

„Мислам дека е здраво да се расправате, да ги водите тие дебати, да ги имате тие дискусии, да ја изнесете вашата поента и да бидете слушнати“, вели Кембел-Адамс.

„Многу луѓе велат дека ако се расправате значи дека не сте среќни или заљубени, а јас не се согласувам со тоа бидејќи премолчувањето ја создава огорченоста“.

Кил вели: „Треба да знаете дека можете ефективно да разговарате со вашиот партнер за да ги решите проблемите заедно, а исто така треба да верувате дека тој ќе дојде кај вас ако е несреќен, наместо да ја закопа главата во песок“.

Како што вели, ги знаете оние ситни расправии во кои се впуштаме кога сме уморни и под стрес? Не се фаќајте премногу за нивниот исход.

„Тие ретко завршуваат со тоа што една страна се согласува дека е 100% виновна и нуди да се поправат“, вели Саманта Хилас. „Одвојте малку време, дишете длабоко и, ако можете, позајмете фраза од Frozen: „Let it goooooooo“.

 

Запомнете дека тешките моменти се нормални 

„Постојат точки кои пoчесто водат кон раскин, вели Гатрел. „На пример, по раѓањето на децата, бидејќи знаеме дека справувањето со мали деца и бебиња кои не спијат е неверојатно стресно. Потоа ги разгледуваме работите како синдромот на празно гнездо и приближувањето до пензионирање кога размислувате „Години пред мене се помалку од годините зад мене, како сакам да ги поминам?“ Ако се најдете во таков момент, Дебора Џеф, шеф на одделот за развод и семејство во Симкинс, препорачува да се обидете со советување или терапија за парови. „Одењето на советување за парови е секогаш добра работа“, вели таа. „Обидувањето да се спаси врската наместо да се прекине, обично е најдобро за двете страни, освен ако има семејна злоупотреба. Исто така, ако врската мора да заврши, емоционалната поддршка ни овозможува да се погрижиме правниот процес да биде максимално поедноставен“.

 

Размислете добро пред да се вселите заедно

Откако работела во семејното право од 1979 година, Ванеса Лојд Плат, вели: „Мојот совет е да не се почне заеднички живот без навистина да се заштитите себеси … откако видов толку многу години неисполнети ветувања и луѓе со скршено срце“. Ова е особено случај деновиве, вели таа, со несогласувањата околу темите како шпделба на имот, кои се почесто се појавуваат пред адвокатите за развод. „Во текот на изминатите неколку години, мајките и татковците се вовлекуваат во овие разводи и тоа го прави уште потешко. Навистина е важно, ако има огромен неурамнотежен финансиски придонес, да се запрашате: дали ми треба договор за заем или моите родители ќе бидат задоволни да не го бараат назад? И што е разумно? Што е фер?“

Mejси Хју се согласува и препорачува секоја сопственост за која придонесувате да биде на заедничко име за да се спречи се да заврши во „многу солзи и судски спорови“. Договорите за соживот стануваат се почести, вели таа. Трошоците варираат, „но јас секогаш им велам на моите клиенти: „Сфатете го тоа како полиса за осигурување; се надеваш дека никогаш не ти треба, но дека ако ти треба, си покриен/а.“

Обрнете внимание на вашиот сексуален живот

Додека некои адвокати мораа да преговараат за незгодни ситуации кои вклучуваат прељуба, повеќето го опишуваат бавниот пад на браковите како резултат на губење на комуникација, вниманието, почитта и сексот. „Она што мнозинството клиенти го велат е дека физичката врска завршила многу пред да сфатат дека на бракот му дошол крај“, вели Хујн.

 

Ако заврши, бидете нежни

Брајан Џонс вели дека не можете да процените како некој може да реагира на крајот на врската. Најголемата заблуда за врската, вели тој, е „потпирањето на витештвото кога работите ќе се распаднат“, вели тој. „Се претпоставува дека сите ќе постапат убаво. За жал, кога ќе дојдете до таа точка, луѓето не се толку фер како што се чинеле порано. Имаат проблем со работи со кои претходно се чинело дека немаат проблем“.

За Џеф пак, работата со клиенти кои се познати личности или јавни личности ја научила никогаш да не „игра пред очите на јавноста“. Со оглед на тоа што социјалните медиуми сега се толку распространети, тоа важи и за нас обичните смртници. „Се работи за одржување на почит еден кон друг, особено ако имате деца“, вели таа. „Децата ќе можат да го најдат сето ова онлајн во иднина“. Хилас се согласува. „Замислете судија да ги чита пораките што ги испраќате до другата страна и размислете дали тие одразуваат кој сте вие навистина“, вели таа.

 

 

И, конечно? Посилни сте отколку што мислите

„Отсекогаш сум била изненадена од тоа колку брзо клиентите се смируваат по емоционалното бродолом на разделбата“, вели Хју.

„На многу начини, тоа е затоа што тие станале поотпорни отколку што биле порано“. Таа вели дека разведените често знаат да се променат и да бидат поосреќни луѓе по раскинувањето/разводот: „Всушност е во ред, не е страшно“.

извор: Гардијан

Превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close