Што е следно. Мијалков да стане директор на АНБ,Груевски невин да се врати на бел коњ. Не дозволувајте реагира Заев на одлуката на апелација

Во врска со вчера објавената одлука на Скопскиот апелациски суд да ја укине пресудата од 12 години затвор за осудениот екс шеф на УБК Сашо Мијалков за предметот Таргет Тврдина односно масовно прислушување на телефоните на илјадници граѓанимодлука која шокантно и со негодување одекна во јавноста се јави на фејсбук со коментар и Зоран Зарв ,екс премиерот и промотор на бомбите од незаконското масовно прислушкување кое се одвивало во режимот на Груевски. Заев ја осуди одлуката на апелацискиот суд и ги повика сите надлежни од и околу правосудството кои имаат грам одговорност за иднината на нашата земја да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат се виновниците да одговараат. Коментарот на Заев на фејсбук ви го пренесуваме во целост.

Zoran Zaev 

3 мин. 
Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.
Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.
Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден.
Прочитајте ги последните колумни на Катерина Блажевска и Љупчо Поповски кои ја одразуваат суштината на проблемот со кој сите сме соочени.

Back to top button
Close