Што може да се случи со исчезнатата подморица – 4 можни сценарија

Останува нејасно што се случило со подморницата која изгубила контакт со екипажот на површината на пат кон потонатиот брод Титаник во неделата. Експертите велат дека постојат неколку можни сценарија.

Еден голем ризик е прекинот на електричната енергија, што може да предизвика губење на комуникацијата, вели Ерик Фусил, експерт за подморници и вонреден професор на Универзитетот во Аделаида. Некои подморници имаат втор извор на енергија, во случај да откаже примарниот електричен систем, но не е познато дали е тоа случај и со Титан.

Краткиот спој може да предизвика пожар во подморницата, кој не само што ќе ги уништи системите на бродот, туку и ќе создаде отровни испарувања во мал, затворен простор.

Ризик се и поплавите, а во длабочините на Титаник, огромниот притисок би предизвикал експлозија, објаснува Фусил. Титан е опремен со нова иновативна безбедносна карактеристика која го следи притисокот на бродот и издава предупредување до пилотот доколку се откријат проблеми.

Постои и ризик од залутување. Со силни подводни струи и многу остатоци од Титаник на дното на океанот, постои можност подморницата да се заглави или да и биде блокиран патот, рече Фусил.

 

 

Back to top button
Close