Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, треба да се опфатат и сегашни функционери
Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на овој трагичен настан ги извршуваа функциите во Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедноста дали е тоа во Кочани, дали во Штип. Снетаме дека истрагата треба да се прошири, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Шукова нагласи дека е невообичаено прво да не бидат повикани и истражени оние коие се во моментот директно надлежни за безбедноста на државата, за безбедноста на објектот, за безбедноста на младите кои таа вечер биле во објектот.
-Ние не сакаме да го политизираме овој случај, жално и трагично е да се политизира вакво нешто, меѓутоа сакаме да видиме дека навистина ќе бидат опфатени и оние коишто во моментот на трагедијата, ги извршувале своите обврски, а не само оние кои тоа го работеле пред година две или три, рече Шукова.