Швајцарската авиокомпанија откажува 1.400 летни летови поради недостиг од пилоти
Швајцарската воздухопловна компанија „Swiss“, филијала на германската „Lufthansa“ укинува 1.400 летови ова лето поради недостиг од пилоти, објави авиокомпанијата во петокот.
Мерката се однесува на летови на долги релации, како и на мрежата летови на кратки и средни дестинации. Вкупно 1,5 отсто од летовите се откажани во периодот меѓу април и октомври.
Според веб-страницата Aerotelegraph, невообичаено голем број машки и женски пилоти се надвор од служба подолг временски период, наводно поради бремености и несреќи. Дополнително, човечките се ресурси се зафатени со обуки на екипажите на авионите „Airbus A350“.
Според колективниот договор, во кој се подобрени одредбите за работното време, се појавила потреба од вработување на околу 70 работници со полно работно време, се наведува во извештајот.
Како краткорочно олеснување, некои повозрасни пилоти го одложуваат пензионирањето, а персоналот со скратено работно време ги зголемува работните часови.