Сиљановска – Давкова го осудува нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари, политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
Редакцијата на „Инфомакс“ упати прашање до Претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска-Давкова во врска со нападот кон редакцијата. Од таму остро го осудуваат нападот и очекуваат сторителот да биде санкциониран.
Едно од моите тешки прашања по повод Меѓународниот ден на човековите права беше: „Дали медиумите имаат право да истражуваат без страв?“
Остро го осудувам насилниот упад во редакцијата на „Инфомакс“ и очекувам сторителот да биде санкциониран велат од кабинетот на председателката Сиљановска-Давкова






