Си Џинпинг од 20 до 22 март во Москва на средба со Путин


Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март ќе ја посети Русија, на покана на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

За време на разговорите ќе бидат разгледани актуелните прашања за натамошниот развој на сеопфатните партнерски односи и стратешката соработка меѓу Русија и Кина, пренесуваат руските медиуми.

За време на посетата на Си на Русија, планирана е размена на мислења со Путин за продлабочување на соработката меѓу Москва и Пекинг на меѓународната сцена.

Како резултат на разговорите ќе бидат потпишани голем број важни билатерални документи, нагласуваат од Кремљ

Back to top button
Close