Сикорски: Полска ќе го ограничи правото на слободно движење на руските дипломати

– Полска ќе воведе ограничувања за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Односите меѓу Полска и Русија се затегнати од избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година.

Британските медиуми пренесуваат дека Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажи на територијата на Полска

-Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување, изјави Сикорски во Брисел.

Шефот на полската дипломатија додаде и дека руската Амбасада во Варшава ќе биде известена за оваа одлука и дека ограничувањата за движење ќе важат за целиот персонал во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот.

Back to top button
Close