Силјановска Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија
Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденден семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули.
Од другата страна на Вардар еден друг конзул, еден друг везир, исто така си славеше во она министерство во кое што само 3% има други. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава? Тоа не е држава, тоа е држава во пропаѓање, а не само слаба држава и затоа да не дозволиме да пропадне, порача вечерва кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова