Силен ветер и во Штип, откорнати дрвја, паднати гранки и оштетени возила

По силниот ветер, денеска во Штип се забележани откорнати дрва, паднати гранки и оштетени автомобили. Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски, информираше дека досега имале околу 20 интервенции.

Тимовите на ТППЕ Штип интервенирале на четири локации, вклучувајќи паднати дрва кај средното училиште „Коле Нехтенин“, Четвртиот километар и детската градинка „Вера Циривири Трена“.

„Екипите на ЈП „Исар“ со реорганизација интервенираа на повеќе од 15 локации каде што имаше паднати дрва“, изјави Арсовски.

Ветровитото време ќе продолжи и утре, а УХМР издаде портокалов предупредување за ветер. Граѓаните се апелира да избегнуваат подрачја со високи дрва за да се заштитат од евентуални повреди.

Back to top button
Close