Силен земјотрес регистриран во близина на јапонскиот остров Хокаидо

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на северниот јапонски остров Хокаидо.

Земјотресот бил на длабочина од 20 километри со епицентар во близина на источниот брег на Хокаидо.

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Back to top button
Close