Силно невреме ги погоди Хрватска и БиХ: Се преврте камион, паѓаа дрвја, летаа покриви (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со силен ветер и дожд ја зафати Краина во БиХ , како и континенталниот дел од Хрватска.

Поради силното невреме кое траеше дваесетина минути до половина час, ветрот преврте камион со приколка во Стиена кај Цазин.

Како што може да се види на снимката, камионот, кој бил паркиран веднаш до патот, целиот бил превртен.

 

 

Невремето утрово погоди неколку окрузи во Хрватска , како и Загреб, оставајќи зад себе материјална штета на зградите, паднати дрвја и тешкотии во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.

 

 

“Граѓаните известуваат дека дрвјата ги блокирале патиштата и паднале столбови за електрична енергија. Пожарникарите се на терен и нивниот приоритет е да ги исчистат патиштата од дрвја и столбовите за електрична енергија”, соопшти Цивилната заштита и додаде дека во тек се 20 интервенции.

Центарот 112 Загреб, посочува дека невремето предизвикало материјална штета на зградите, проблеми во снабдувањето со електрична енергија и прекини во сообраќајот поради дрвја и столбови на патиштата.

 

Back to top button
Close