Симфониски концерт посветен на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија!

Рок симфонијата “Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun’s and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер

Back to top button
Close