Симон Бејлс и Новак Ѓоковиќ спортисти на годината во избор на АИПС

Американската гимнастичарка Симон Бејлс и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најдобри спортисти во 2023 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС).

Во изборот учествуваа 405 новинари од 107 држави.

Бејлс, која се врати на големата сцена по двегодишна пауза и освои четири златни медали на Светското првенство во Антверпен, доби 353 бодови. Второпласирана е кениската атлетичарка Фејт Кипјегон (329), а на третото место се најде шпанската фудбалерка Аитана Бонмати (297).

Во машка конкуренција, Ѓоковиќ суверено ја освои наградата во изборот на спортските новинари. Освојувачот на три од четирите грен-слем турнири во 2023 година, и победник на завршниот Мастерс турнир во Торино, освои 616 бодови.

На второто место се најде шведскиот атлетичар во скок со стап Арманд Дуплантис (335), а на третото аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (277).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close