Симовски: Успешно ги одбивме обидите за хакирање на системот за попишување

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека имало два обиди за хакерски напади на системот за попишување, но успеашно биле одбиени.

-Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е нашите корисници да не ги добиваат нашите информации.А, имавме два случаја за обид за хакерски напади на самиот систем за попишување. Во двата случаи беа успешно одбиени. Од она што јас го знам, може лесно да се направи да не може да се открие од каде доаѓаат нападите. Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат. Но, не би сакал да претпоставувам паушално дали некој од нив стои зад нападите. А, зошто овие групации се против пописот, не можам да разберам, вели Симовски.

 

Back to top button
Close