(СИМУЛАЦИЈА) ИЕ 1: ВМРО-ДПМНЕ добива 10 наспроти 3 пратеници за СДСМ, „Вреди“ – ДУИ 2:2

ВМРО-ДПМНЕ добива 10 мандати од Изборната единица 1, покажува симулацијата врз основа на податоците кои ги објави Државната изборна комисија по пребројани 87,3% од избирачите во „кецот“. На второ место, но со повеќе од три пати помалку пратеници, е коалицијата предводена од СДСМ, која добива 3 мандати, доколку нема значајни поместувања во преостанатите гласови за пребројување.

Потоа следуваат коалицијата „Вреди“, коалицијата околу ДУИ и „Левица“ кои би добиле по два пратеника. Преостанатиот мандат оди кај ЗНАМ.

Во апсолутен број гласови, ВМРО-ДПМНЕ во моментов има 70 089 во Изборната единица 1. Втори се СДСМ и партнерите со 23 027 гласови. Следуваат „Вреди“ со 19 432, па Левица 18 292, потоа ДУИ со 18 192 и последните кои освојуваат мандат во единицата, ЗНАМ, имаат 10 367 гласа

Back to top button
Close