Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат


Скопскиот Апелациски суд му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува.

Во декември 2025 година Апелација првостепената одлука ја укина и ја врати на повторно судење, а сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се заканија со штрајк, пишува СДК.мк.

За контролорите на летање ова е гушење на уставно загарантираното право на штрајк во Македонија и опасен преседан за сите работни луѓе во случај оваа одлука на Апелациониот суд Скопје да стане судска пракса.

Најавија поднесок до Врховниот суд, од кого ќе бараат да донесе мислење по ваквата одлука на Апелација, која е конечна.

По Врховен, ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд и на крајот тужба до Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур.

„За првпат се создава судска пракса со која со забранува штрајк како уставно право. Ова не е прашање само на еден синдикат или една институција. Ова е прашање од значење за иднината на синдикалното организирање и правото на штрајк во Македонија. Особено загрижува фактот што судовите прифатија правна конструкција според која реактивирањето на веќе започнат штрајк поради неисполнување на обврски од претходно склучена спогодба, се третира како нов штрајк“, рече денеска претседателот на Синдикатот на контролорите на летање – Александар Тасевски.

Тој кажа дека во текот на постапката биле доставени обемни докази, меѓу кои и спогодба склучена во постапка за помирување, во која изречно била предвидена можноста за реактивирање на штрајкот во случај на неисполнување на преземените обврски како што е во нивниот случај.

„Сметаме дека овие докази не беа соодветно анализирани и ценети од страна на судовите, односно вон контекст на реалната фактичка состојба“, рече Тасевски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close