Синот на директорот на БЈБ не е инволвиран во случајот, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира „лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син“.

 

„ Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата.

Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува, се вели во демантот на МВР на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР продолжува со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата. И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните, иако е очигледно дека овие добри резултати некому му пречат па мора да се служи со лаги и дезинформации, се додава во соопштението на Министерството.

Back to top button
Close