Сисоко премина од Тотенхем во Ватфорд

Францускиот репрезентативен играч за врска Муса Сисоко (32) премина од Тотенхем во Ватфорд со кој потпиша двегодишен договор.

Сисоко за својот нов клуб би можел да дебитира веќе в недела против довчерашните соиграчи.

Вредноста на трансферот се проценува на десет милиони фунти.

Французинот одигра 202 натпревари за Тотенхем откако пристигна во лондонскиот премиерлигаш во 2016 година од редовите на Њукасл.

Back to top button
Close