Сите земји од Западен Балкан да го повикаат Путин на одговорност, апелира Ескобар  

„Како што се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан“, истакна Ескобар и ги повика земјите од Западен Балкан да го повикаат Путин на одговорност за „нехуманото страдање за народот на Украина“.

Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ, апелираше денеска, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој за „Вијести“ изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.

„Како што се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан – истакна Ескобар, коментирајќи ја Резолуцијата, освоена од Европскиот парламент минатата недела.

Со Резолуцијата на ЕП, како што пишува „Вијести“ се изразува загриженост поради обидот на Православната црква во земји како „Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовира Русија како заштитник на традиционални семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата“.

Во своето обраќање за „Вијести“, меѓу другото, Ескобар истакна оти Црна Гора останува атрактивна цел за Москва, поради што САД и евроатлантските партнери треба да ги засилат колективните напори за да се спротивстават на непријателските акции на рускиот претседател Владимир Путин

 

 

Back to top button
Close