Скандал го стресе Еуро 2020 Заплениле 6,7 милиони евра и уапсиле 1.400 луѓе

Неверојатни 6,7 милиони евра биле запленети на Европското првенство во фудбал, ЕУРО 2020, а 1.400 луѓе се уапсени од Интерпол под сомнение дека правеле „дубари“ во спортско обложување, јавува МИА. Цели 394 милиони евра биле лажно вложени во обложувалници низ Европа и Азија, а за да се уапсат сите луѓе биле спроведени неколку илјади рации, запленувани компјутери и мобилни телефони.

Операцијата се вика SOGA (скратено од soccer gambling), а лица се уапсени во Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Република Ирска, Италија, Полска, Португалија, Русија, Романија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Малезија, Малдиви, Филипини, Сингапур и Виетнам.

Засега во Македонија нема уапсени.

Само во Хонгконг, Кина, уапсени се 800 лица и запленети се 2.3 милиони евра, додека во Италија биле извршени рации во 283 обложувалници и наплатени казни во висина од вкупно 1.3 милиони евра поради нелегално обложување.

Ова е осмо издание на операцијата SOGA во која досега се лишени од слобода 19.000 луѓе, запленети 83 милиони евра и затворени повеќе од 4.000 обложувалници ширум светот.

Back to top button
Close